Покрај мртовците, гласаа и фантомските гласачи

by Фокус 13:57
13:57

Покрај починатите, на гласање излегоа и фантомските гласачи од улицата Михаил Чаков, во Скопје, каде што беа регистрирани гласачи кои живеат во непостоечки станови.

Од невладината организација истакнуваат и дека одредена политичка партија агитира меѓу гласачите, односно преку телефонски повици и пораки, партиски активисти, ги прашуваат граѓаните дали излегле на гласање, а ако не излегле, кога ќе гласаат. Ваква порака добил лично и Џабир Дерала од „Цивил“.

- Advertising -
"

До организацијата стигнале и забелешки за мастилото кое веднаш се отстранува со влажна марамица, поради што стравуваат дека постои ризик некои лица да гласаат по два пати, наместото починатите или на вишокот изборен материјал што се појави.

Од „Цивил“ за два часа ја најавија следната прес конференција на која ќе ги презентираат новите собрани информации од избирачките места.

 

 

 

Поврзани новости