Покрај министерски функции, Алијанса бара позиции во МВР, УЈП, Царина

by Фокус

Следната недела ќе се знае исходот од преговорите за зголемување на парламентарното мнозинство со Алијанса за Албанците.

Како што велат од се уште опозициската партија предводена од Арбен Таравари, подобро би поддржале малцинска влада за да ги истера интеграциските процеси отколку да влезат во владата без да преземат одговорност со битни ресори и функции.

Според досегашните информации, партијата треба да ги добие министерствата за правда и здравство, како и уште еден ресор раководен од кадар на ДУИ, при што се споменуваат образование и екологија.

Исто така, партијата инсистира на битни институции и позиции во органи битни за спроведување на нивната програма за борба против криминалот и корупцијата и за правна држава.

Во таа насока, од таму посочуваат дека бараат институции како УЈП, Царина, Финансиска полиција, како и битни позиции во МВР и повеќе инспекторати.

Поврзани новости