Појаснување во врска со „Карапанчевски-Компани“

Оваа компанија не го вршела надзорот врз изградбата на градинката во Тафталиџе.

by Фокус 22:09
22:09

Фокус на 14.06.2022 година објави текст со наслов „Каде паѓа одговорноста за паднатиот таван во градинката?“, по повод урнатиот плафот во детската градинка во Тафталиџе, што се случува 3 години по изградбата и пуштањето во употреба на објектот.

Во текстот се пренесуваат изјави на сегашниот и поранешниот градоначалник на Карпош и се пренесуваат официјални податоци од надлежни институции.

Во врска со објектот, наведено е дека тој го изградил компанијата „Инженеринг-Гроуп“ од Желино за сума од над 10 милиони денари.

Притоа, во текстот се наведува дека пред да склучи договор со изведувачот, општината склучила договор за надзор со „Карапанчевски-Компани“, но од таму не известија дека „ниту не учествувале во изведувањето, ниту биле носители на надзорот на објектот, ниту постои документиран запис за тоа“.

По дополнителните проверки што ги извршивме, објавивме дека активен договор за вршење на стручен надзор над изградба на градинки во Карпош во време на изградбата на градинката имала „Урбан Стил Инжинеринг“.

Оттука, ова појаснување го објавуваме за да не останат дилеми – „Карапанчевски-Компани“ не го вршел надзорот врз конкретниот објект, туку тоа го правела друга компанија.

Поврзани новости