Појадокот на мост го чинел Градот Скопје 10.000 евра

by Фокус

Реализацијата на денешниот настан „Појадок на мост” го чинеше Градот Скопје 600.000 денари или отприлика 10.000 евра, информираат од администрацијата на градоначалникот Коце Трајановски.

– Манифестацијата се одржа во организација на СУГС „Лазар Танев“, а храната и ланч-пакетите ги подготвуваа 600 лица и тоа според сите светски и европски стандарди за подготовка на храна. Ланч-пакетите содржеа 14 до 15 различни продукти, а благодарение на донаторите коишто секако доаѓаат од угостителскиот сектор, секоја година има се повеќе избор на продукти кои влегуваат во ланч пакетите – велат од градот.

Денеска за појадокот на мост реагираше и опозициската СДСМ.

– Срамно е она што денес го направија Коце Трајановски и министрите во Владата на Груевски кои пред јавноста сакаа да покажат милосрдие кон дел од гладните граѓани. Ова се случува во услови кога градоначалникот Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ  се луксузираат со астрономски износи од 18 милиони евра за Панорамско тркало и 10 милиони евра за луксузна зграда на ЈП Водовод – коментираат социјалдемократите.

Поврзани новости