Погрешна табла осамна во поликлиниката „Букурешт“

by fokus

Во поликлиниката „Букурешт“ осамна табла со погрешно напишана гранка од медицината, односно наместо Дерматовенерологија, и на македонски и на албански јазик е напишано Дермавенетерологија. Оваа грешка прва во очи им падна на неколкумина лекари, кои напишаа безброј коментари на социјалната мрежа фејсбук.

-Се извинувам, дали некој знае која гранка не медицината е ова? Ми личи на Дерматовенерологија, ама да си прашам. Сепак луѓето ја порачале, можеби ја платиле, ја закачиле (веројатно ја прочитале пред да ја закачат), па јас да не не знам за оваа супсупспецијалност!, иронично искоментира доктор Никола Пановски.

Поврзани новости