Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде в четврток

by Fokus

Лицата кои го загубија животот во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ ќе бидат погребани во четврток, информираше денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.

Точното време ќе биде соопштено дополнително.

Поврзани новости