Погребани дел од жртвите во невремето, семејствата мораа да потпишат дека не сакаат обдукција

by fokus

По два дена поминати чекајќи пред капелата во Бутел, семејствата денеска ги подигнаа телата на настраданите од невремето, но откако претходно од нив било побарано на нотар да потпишат дека нема да бараат обдукција.

Од Министерството за здравство не одговорија зошто наместо патолог од Институтот за судска медицина извештај дал доктор од итната медицинска помош.

Институтот за судска медицина апелираше дека мора да се изврши обдукција на телата за да се утврди вистинската причина за смртта и дека без тоа се прекршуваат меѓународните протоколи за масовни несреќи.

Од јавното обвинителство пак, убедуваа дека во случај на природна катастрофа нема потреба од обдукција на телата, зашто нема сомнение за сторено кривично дело.

Поврзани новости