Поголема излезност за парламентарните отколку за претседателските избори

by Фокус 12:31
12:31

Повеќе граѓани запишани во избирачкиот избирачкиот список го искористиле своето гласачко право за парламентарните отколку за претседателските избори. Според резултатите што ги објави Државната изборна комисија, за парламентарните избори до 10 часот гласале 9,60, додека на вториот круг од претседателските избори излегле 8,72 отсто од избирачите.  Колку за споредба, процентот на излезноста до истото време пред две недели, кога се одржа првиот круг од претседателските избори, беше 8,80, што значи нешто повеќе во однос на првиот круг од изборот за шеф на државата, а помалку во однос на предвремените избори за идниот парламентарен состав.

За парламентарните избори, најголема излезност од 13,32 отсто е регистрирана до третата штипско-велешка изборна единица, додека најмала од 5,26 во шестиот тетовско-гостиварски регион. Во четвртата прилепско-струмичка ИЕ излезноста е 11,37 отсто, во петтата охриско-битолска 9,73 отсто, додека во втората скопско-кумановско изнесува 8,63 отсто. Во првата скопска ИЕ, пак, излезноста е 9,80 отсто.

- Advertisements -

Слично како и во првиот круг пред две седмици, во исти општини се забележува највисок одзив и во вториот круг од претседателските избори. Меѓу овие општини со одзив некаде од од 12 до околу 16 отсто се Битола, Велес, Прилеп, Штип, Виница, Берово, Демир Хисар, Кочани, Крушево, Свети Николе, а убедливо највисок одзив има во Новаци од 20 отсто. Вкупниот просек на ниво на држава го спуштаат општините со доминанстно албанско население, како Чаир, Сарај, Липково, Арачуново, Струга, каде излезноста не е многу над 3 отсто.

 

Поврзани новости