Поевтинуваат горивата

by Fokus 13:37
13:37

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за еден денар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 109 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 111,50, на  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 109 и на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107 денари за литар.

За 0,986 денари поевтинува и мазутот, и еден килограм ќе чини 53,305 денари

Поврзани новости