Поевтинуваат бензините

by Фокус 14:12
14:12

Новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 70,50 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 53 денари, а екстра лесно масло за домаќинство за 41,50 денари.

- Advertisements -

За 0,672 денари се намалува цената на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини  25,691 денар.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37 проценти.

Оваа одлука на регулаторна доаѓа како последица на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Поврзани новости