Подобрена здравствената состојба на пациент кој се лекува во Белград, повеќе не е во животна опасност

by fokus

Десет лица повредени во ужасниот пожар во Кочани се хоспитализирани на Воено-медицинската академија во Белград. Нивната состојба и понатаму е тешка и многу сериозна.

Во Србија моментално се лекуваат 29 повредени лица од Македонија.

– На ВМА има 10 пациенти, од кои шест се на интензивна нега. Сите се во тешка состојба. Сепак, позитивен развој е што еден пациент го напуштил одделението за интензивна нега и бил префрлен на Клиниката за пластична хирургија. Што значи дека сепак е чекор кон подобро. Неговиот живот повеќе не е во опасност, но допрва претстои голема борба за закрепнување, истакнал за РТС д-р Иван Лековиќ, заменик-началник на ВМА и главен дежурен хирург.

Во пожарот што избувна во неделните утрински часови загинаа 59 лица, а околу 190 се повредени, од кои голем дел се лекуваат во странство.

Поврзани новости