Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

by Fokus 08:45
08:45

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор ги охрабрил приврзаниците на упад во Капитол Хил на почетокот на јануари.

Девет демократи од Претставничкиот дом, во улога на обвинители, поминаа низ ходниците низ кои демонстрантите се движеа низ Конгресот на 6 јануари, носејќи обвинение до Сенатот, пренесува Ројтерс.

- Advertisements -

По пристигнувањето во салата на Сенатот, пратеникот Џејми Раскин, демократ од државата Мериленд, го прочита обвинението.

-Доналд Трамп изврши злосторство и прекршок затоа што поттикна насилство против американската влада, рече Рискин.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се осуди Трамп, а бидејќи тоа тело е поделено на 50 републиканци и 50 демократи, 17 републиканци ќе мораат да се свртат против Трамп и да гласаат дека е виновен, под услов сите демократи исто така гласаат против поранешниот претседател, според Гласот на Америка.

Додека Рискин го читаше обвинението, присуствуваа 30 демократи и само тројца републиканци.

 

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

ПОВРЗАНИ АРТИКЛИ:ТОП-ТЕМА
СЛЕДНОЕнтони Блинкен е номиниран за државен секретар на САД
ПРЕТХОДНОМеркел и Бајден: Заедно против пандемијата
БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА И…
Ентони Блинкен е номиниран за државен секретар на САД

Меркел и Бајден: Заедно против пандемијата

Танго магија со Астор Пјацола

Заладување со врнежи од снег и температури до 9 степени

Тотенхем со три гола во седум минути го помина Вајкомб

Червар по дебаклот против Данска: Ова не е неуспех, туку е реалноста

СВЕТЕнтони Блинкен е номиниран за државен секретар на САДОбјавено пред 14 минути – 26 јануари, 2021Од Макфакс
Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен за државен секретар, откако американскиот претседател, Џо Бајден го предложи на оваа должност.

Со тоа, отворен е патот Блинкен да биде изгласан во Сенатот оваа недела и официјално како нов државен секретар.

Пред него, на позицијата државен секретар на САД беше Мајк Помпео од редовите на Републиканците.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…СВЕТМеркел и Бајден: Заедно против пандемијатаОбјавено пред 26 минути – 26 јануари, 2021Од Макфакс
Новиот претседател на САД, Џо Бајден и германската канцеларка, Ангела Меркел, остварија телефонски разговор пришто заклучија дека само заеднички може да се победи пандемијата.

Истовремено, за време на разговорот, Меркел ја истакнала волјата на Германија да преземе одговорност за меѓународните предизвици заедно со европските и трансатлантските партнери, пренесе Ројтерс.

Соединетите држави се први во светот според бројот на жртви на коронавирус, со повеќе од 400.000 смртни случаи.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…СВЕТПирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиенОбјавено пред 11 час – 25 јануари, 2021Од Макфакс
Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член на екипажот бил убиен. Според официјалните владини податоци, врз основа на списокот на членови на екипажот доставен до „Ројтерс“, мртвиот човек е од Азербејџан, а морнари од Турција биле киднапирани.

Бродот со знаме на Либерија пловел од Лагос до Кејптаун кога бил нападнат во Гвинејскиот Залив во југозападна Африка. Екипажот, членовите на нивните семејства и разузнавачки извори го опишуваат нападот како внимателно испланиран и добро организиран, во кој вооружени пирати се качиле на бродот и, најверојатно, употребиле експлозив. По нападот, капетанот продолжил да управува со бродот слепо бидејќи сите команди биле оштетени и работел само радарот, како што објави турската новинска агенција „Анадолија“. Тој и уште неколкумина морнари биле претепани од пиратите, а повеќе членови на екипажот, кои останале на бродот, завршиле со повреди, според капетанот.

Турските медиуми се повикаа на објавата на компанијата „Боден“, со седиште во Истанбул, која е сопственик на бродот, а во која се наведува дека сопствениците и операторите на бродот биле киднапирани со употреба на оружје. Компанијата не беше достапна за коментар, според Си-ен-ен.

Кабинетот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера објави дека е организирана акција за спасување на киднапираните морнари. Турското Министерство за надворешни работи објави дека пиратите не се обиделе да стапат во контакт со Анкара.

Пиратите во Гвинејскиот Залив киднапираа 130 морнари во 22 инцидента минатата година, а последниот што се случи на „Моцарт“ може да доведе до меѓународен притисок врз Нигерија за зголемување на безбедноста на бродовите во нејзините води, како што беше побарано во последните неколку недели.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ…

Поврзани новости