Поднесено е обвинение за десет лица за обид за убиство на Зијадин Села

by Fokus

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека денеска до Основниот суд Скопје 1 доставило обвинителен акт против десет лица за сторено кривично дело, Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат – се наведува во соопштението од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител  заедно со Обвинителниот акт поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

– Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување, бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци, како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети“, соопшти ОЈО.​

Поврзани новости