Поднесено барање за регистрација на руската вакцина Спутник во ЕУ

by fokus

Рускиот фонд за директни инвестиции поднесе барање за регистрација на вакцината Спутник V против коронавирус во Европската унија и очекува разгледувањето на барањето да започне во февруари.

Тимови на руски производители на вакцини и Европската агенција за лекови во вчера одржаа научен преглед на вакцината.

– Повеќе од 20 меѓународни експерти и експерти учествуваа на состанокот. Препораките ќе бидат испратени до производителите на Спутник V за седум до 10 дена, рече претставникот на Фондот, пренесува ТАСС.

ЕМА ќе донесе одлука за регистрација на вакцината по серија стручни проверки.

Вакцината досега е регистрирана во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија, Алжир, палестинските територии, Венецуела, Парагвај и Туркменистан.

Поврзани новости