Подметната бомба експлодира во автомобил на кумановец

by fokus

Експлозивна направа експлодирала 25 минути по полноќ во автомобил на кумановецот Р.Д.

Според информации од МВР, Р.Д. пријавил во полицијата дека во неговото возило „Фолксваген пасат“ кое се наоѓало на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово експлодирала експлозивна направа.

Повредени нема. Увидот на полицијата се уште трае.

Поврзани новости