Подготвена ли е Лигата на шампионите за ВАР системот?

by fokus

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин смета дека системот за видео асистенција на судиите се уште не е подготвен да се користи во Лигата на шампионите.

Реакцијата на Чеферин доаѓа по многубројните тврдења во последниот период дека ВАР ќе биде воведен во елитното натпреварување во претстојната сезона почнувајќи од четвртфиналната фаза.

– Не знам од каде тие доаѓаат таквите најави. Не сум зборувал за такво нешто со никој надлежен и не сум убеден дека е вистинско време да се воведе ВАР во Лигата на шампионите. Некои работи треба да се расчистат, како на пример, кој одлучува дали е потребен ВАР, главниот судијата или оние од видео просторијата. Никој тоа не го разбира, ниту навивачите, ниту новинарите. Има многу нејаснотии, рече Чеферин.

Првиот човек на УЕФА е свесен дека ВАР ќе стане реалност и во ЛШ, но побара време за отстранување на сите недостатоци до неговата имплементација.

Поврзани новости