Подготовките течат во најдобар ред, попис во април 2020 година

by fokus

Подготовките за пописот течат  во најдобар ред и тој треба да се спроведе во април 2020 година, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според него, во листите за попис не треба да ги има графите националност и религиска припадност.

Како што вели, со цел да се намали влијанието на политиката врз пописните резултати нема потреба да се попишува според етничката припадност истакнувајки дека според препораките на  Обединетите нации, етничката припадност влегува во категоријата споредни белези.

Поврзани новости