ПОДЕМ: Дали власта подготвува терен за промена на Уставот?

by fokus

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ вечерва преку соопштение праша дали последните политички изјави од македонскиот државен врв се во функција на подготвување терен за промена на Уставот.

-Од премиерот Зоран Заев слушнавме дека Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ. Рече и дека ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност, при што посочи дека тој е човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање решение знаејќи дека може да се постигне решение ако и институциите во Грција и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение.
Затоа ПОДЕМ прашува за какви креативни начини станува збор. И зарем и таквата можност не испраќа уште еден сигнал дека Македонија е подготвена на уште отстапки.
Дали со вакви изјави се подготвуваат граѓаните на Република Македонија за промена на уставот, се разбира чекор по чекор, но пополека и сигурно. Прво само договор, а во идно време пред влез во ЕУ и промена на Уставот, се вели во соопштението на ПОДЕМ.

Поврзани новости