Поддршка за здравството и економско заздравување од ковид-кризата, фокус на буџетот за 2021 година

by fokus

Поддршка на здравството и економското заздравување од кризата предизвикана од Ковид -19 се главните приоритети за наредната година. Воедно ќе се спроведат реформи во јавните финансии што ќе поддржат забрзан економски раст на среден и долг рок, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба одржана по повод подготовката на буџетот за 2021 година со меѓународните институции, на која учествуваа делегации од ЕУ, ММФ и Светска банка.

Бесими, информираат од неговиот Кабинет, истото го нагласи и на експертската средба што се одржа по повод подготовката на државниот буџет за наредната година.

Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година по скратена постапка ќе бидат разгледани на редовната 19. седница на Владата најавена за вечер во 18 часот преку видеоконференциска интернет комункација.

Поврзани новости