Поддршка за Орландо од Шарената револуција

by fokus

Демонстрантите од ‎Шарената Револуција вечерва пред Владата оставија и графит со поддршка за градот Орландо, Флорида и ЛГБТИ заедницата.  Во терористичкиот напад кој се случи во геј клуб во градот, загинаа 50 лица и уште толку беа тешко повредени.

-Денешниот протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза кој деновиве е значително присутен и насочен кон нашите ЛГБТИ другарки и другари. Протестираме за општество во кое ваквите напади ќе бидат соодветно осудени и спроведени. Протестираме за правда и слобода!“ – порачаа од Шарената револуција.

Поврзани новости