Под тренерката кај 22-годишен скопјанец полицијата пронашла еден килограм марихуана

by fokus
Против 22-годишен скпопјанец е поднесен обвинителен акт за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, затоа што на 9-ти октомври полицијата пронашла кај него нешто повеќе од еден килограм марихуана. Момчето е во притвор, а јавен обвинител бара продолжување на притворската мерка.

„На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба“, соопштија од Обвинителство.

Поврзани новости