Под силно обезбедување, градоначалникот Талески делеше награди

by fokus

Битолскиот градоналачник Владимир Талески денеска ги доделуваше наградите 4 Ноември, по повод Денот на ослободувањето на градот. Она што можеше да се забележи годинива е силното обезбедување кое му го чуваше грбот на градоначалникот.

Обезбедувањето, кое е од приватна компанија, беше распоредено на влезот од Центарот на култура, но и внатре во салата.

Освен приватно обезбедување, во салата имаше и полициски службеници во униформа и во цивил. Тука Талески имаше долг говор зборувајќи за успесите на Општината во изминатата година, за новите инвестиции и за сè што планира да направи до крајот на својот мандат.

Претходно денеска, непознати лица спречија герила акција за Талески. За време на полагањето цвеќе пред Споменикот на НОБ, транспарент со натпис „Парите ќе ги вратиш” им бил одземен на активистите на Левица.

Поврзани новости