Почувствуван земјотрес на југот од земјава

by fokus

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 06 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија.

Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Поврзани новости