Почнуваат усписите на државните универзитети

by Фокус

Вкупно 24.952 места се слободни на петте државни универзитети во Македонија за упис во прва година во академската 2015/2016 година. Пријавувањето кандидати во првиот рок почнува оваа недела.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје се слободни 10.669 места, од кои 6.330 за редовни студенти во државна квота, 3.164 за редовни со кофинансирање на студиите и 1.175 за вонредни студенти. Цената на студиите во државна квота е 200 евра, а со кофинансирање и за вонредни студенти 400 евра.

Првиот рок за запишување на УКИМ е на 13-ти и 14 август, резултатите ќе бидат објавени на 18 август, а на 24-ти и 25 август е запишувањето на кандидатите. Вториот уписен рок на Скопскиот универзитет е на 3 септември, а третиот на 16 септември на факултетите на кои ќе има слободни места.

Поврзани новости