Почнува учебната година во неколку европски земји

by Fokus

Училиштата ширум Европа ги отвораат вратите за да ги поздрават учениците кои се враќаат во клупите, речиси шест месеци откако пандемијата на коронавирусот ги принуди да се затворат.

Многу наставници и родители стравуваат дека повторното отворање на училиштата ќе го забрза ширењето на Ковид-19, но владите инсистираат на тоа да се продолжи со наставата во училиштата.

Француските студенти се враќаат по двомесечна летна пауза. Наставниците и учениците на возраст од 11 до 18 години мора да носат маски и во затворено и на отворено.

Денеска во училиштата се враќаат и учениците во Белгија, а минатиот месец се вратија во Германија.

Маските се задолжителни и во Грција, каде учениците се очекува да се вратат на училиште следниот понеделник, со најмногу 25 ученици во одделение.

Во Англија и Велс – каде што децата се враќаат на училиште оваа недела по шест месеци – владата првично рече дека маските на училиште нема да бидат потребни, но ја смени својата одлука.

Новите упатства ги советуваат вработените и учениците на возраст од 11-18 години да носат маски во ходници и заеднички простории.

Шпанската влада инсистира на тоа дека децата над 6 години мора да носат маски постојано и да ги мијат рацете најмалку пет пати на ден.

Децата треба да одржуваат растојание од 1,5 метар едни од други, а регионалните власти ангажираа дополнителни наставници за да го намалат бројот на деца во училниците.

Сепак, многу шпански наставници и родители сметаат дека мерките не се доволни или дека биле воведени премногу кратко пред почетокот на наставата за да бидат соодветно спроведени.

Поврзани новости