Почнува судењето за двојното убиство во Охрид

by Фокус

Денеска во охридскиот Основен суд почнува првото судско рочиште во врска со двојното што на 22 август лани се случи во угостителскиот објект „Император“ на улицата „15-ти Корпус“.

Според полициските информации, тогаш со огнено оружје смртно беа застрелани сопственикот на ресторанот 56-годишпниот Васил Р.и 38-годишниот Ромео Ѓ.

Осомничениот за убиство 31-годишниот Б.П., жител на Охрид, кој воедно е првообвинет во процесот, побегна од местото на злосторството и беше недостапен за органите на прогонот речиси шест месеци. После распишана меѓународна потерница, тој беше приведен во Албанија, а подоцна екстрадиран во Македонија.

Поврзани новости