Почнува судењето за „Диво насеље“

by Фокус

Судењето за обвинетите во процесот „Диво насеље“ ќе започне утре, за кога е закажано рочиштетото. Во случајот има 29 обвинети, на кои ќе им се суди за тероризам и нарушување на уставниот поредок.

Претходно во текот на постапката, сите обвинети се изјаснија за невини за настаните во мај минатата година во кумановската населба „Диво насеље“.

При судирот со полицијата, беа убиени осуммина полицајци, а 42 беа повредени. Одбраната на обвинетите обвинението го оцени како неосновано.

Поврзани новости