Почнува сесијата на која ќе се бира судија од Македонија во Стразбур

by fokus

Изборот на судија од Република Македонија во Европскиот Суд за Човекови Права (ЕСЧП) е една од точките на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која започнува денеска во Стразбур и ќе трае до 14 октомври, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Претходно, Комисијата за избор на судиите при ПССЕ ги разгледа тројцата кандидати од Македонија, а на состанокот минатата недела испрати препорака Парламентарното собрание да ја избере Наташа Габер-Дамјановска.

Имаше и трет канидатат од Македонија, Звонимир Јанкуловски, но тој не влезе во завршната фаза на гласањето.

Поврзани новости