Почнува постапката за изградба на ХЕЦ Чебрен

by fokus 18:45
18:45

Владата денеска на седница донесе одлука да почне постапка за доделување концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река (Чебрен).

Постапката ќе биде спроведена во две фази, односно претквалификација, со јасни критериуми кои ќе треба да ги исполнат домашните или странските компании, по што ќе следува втората фаза со покана за поднесување на понуди до квалификуваните понудувачи.

- Advertising -

По завршување на првата фаза, Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река ќе организира отворање на пристигнатите понуди за претквалификација, по што ќе следи евалуација, после која до Владата ќе биде доставена предлог листа на квалификувани понудувачи кои ќе бидат поканети да подигнат тендерска документација и да поднесат понуди.

Тендерската документација со договорот за концесија и договорот за заедничко вложување ќе бидат доставени до Владата на одобрување. Во таа фаза детално ќе бидат разработени условите и начинот на доделување на концесијата, начинот на престанок на концесијата и сите услови во согласност со Законот за концесии и јавно приватно партнерство, информира владината прес-служба.

Поврзани новости