Почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“

by fokus

Театри од Тетово, Куманово, Ѓирокастро, Приштина, Гљилане и Прешево ќе гостуваат на 18-от „Албански театар во Македонија“ што почнува вечерва во Дебар.

Фестивалот ќе трае седум дена, а го отвора кумановскиот театар-албанска драма со претставата „Ниту ваму, ниту таму“ во драматизација на Илир Ајдини, а во режија на Кастриот Абдили.

Последната вечер, пред доделувањето на наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка, пред дебрани, вон конкуренција, ќе настапи косовскиот националнен театар со претствата „Корчарски карневали“ во режија на Алтин Баша.

„Албански театар во Македонија“ традиционално се одржува во Центарот за култура во Дебар, а финаниски е подржан од Министертвото за култура со 600.000 денари. Фестивалот е подржан и од локалната власт, како и неколку компании.

Вечер пред присутните ќе се обрати градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

Поврзани новости