Почнува етапната исплата на јулските пензии

by fokus

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на јулските пензии. Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: до 11.000 денари исплатата е денеска, утре (28 јули) се исплаќаат пензии од над 11.000 до 14.000 денари, задутре ( 29 јули) од 14.001 до 18.000 денари, а во петок (30 јули) тие со висина од над 18.001 денар.

МТСП укажува дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Поврзани новости