Почнаа преговорите во Њујорк, Коѕијас најави денеска може и да завршат

by fokus

Почна новата рунда преговори во Њујорк за спорот за името. Шефовите на грчката и македонската дипломатија денеска ќе разговараат во присуство на олеснувачот во преговорите, Метју Нимиц.

Преговорите во Њујорк ќе ги следат и претставници на САД и Германија, ЕУ. Ова е прва средба на министрите откако Атина го одби предлогот на Скопје – Република Илинденска Македонија.

Во грчките медиуми преовладува оптимизам дека ова може да бидат финални преговори на кои може да се најде решение прифатливо за двете страни.Од владата како што соопштија остануваат на ставот за предлогот „Илинденска Република Македонија“ додека Коѕијас побара Македонија да покажела прагматизам за решение.

„Знам дека многу сили и во двете општества би преферирале решенија по нивна волја, но во меѓународните односи не постојат таков вид решенија“, додаде Коѕијас,

Иако беше најавено дека преговорите ќе траат два дена, односно денеска и утре, Коѕијас, во изјавата по средбата со генералниот секретар на ОН, Гутереш ја остави отворена можноста преговорите да бидат само еден.

Поврзани новости