Почна средбата Димитров-Коѕијас-Нимиц во Сунио

by Fokus 10:10
10:10

Во истиот хотел, каде што вчера се одржа конференцијата за иднината на Европа, во местото Сунио, утрово почна новата рунда разговори за името на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина.

Димитров и Коѕијас, со посредство на Нимиц, на новата средба, ќе се обидат да ги доближат позициите на двете страни за да се отвори патот до решение.

- Advertisements -

Шефовите на двете дипломатии, минатата седмица одржаа билатерална средба на маргините на министерскиот состанок во Солун, додека пак последниот круг преговори во присуство на Нимиц се одржа на 25 април во Виена.

Поврзани новости