Почна протестот на хонорарците

by fokus

Стотици граѓани се собраа во Жена-парк, за да го изразат незадоволството од законските измени кои предвидуваат 35 отсто од хонорарите да одат кон државата и нејзините фондови како придонеси за здравствено и пензиско осигурување.

Невладините организации што го организираат овој протест сметаат дека овој закон, покрај тоа што е неповолен и за хонорарците и за вработените, тој е и дискриминаторски и антиуставен, бидејќи ги иззема носителите на јавни функции и некои други категории.

Додека тие тврдат дека хонорарците ќе останам со помалку пари, а голем дел од вработените ќе станат хонорарци, владата и синдикатот сметаат дека овие законски решенија ќе ја намалат невработеноста и ќе ги штитат работничките права.

Protest

Поврзани новости