Почна полагањето државна матура

by fokus 11:58
11:58

Средношколците денеска ќе отпочнат со полагање на државната матура. Полагањето почна во 10 часот со задолжителниот предмет мајчин јазик, а во текот на идната недела и полагањето по математика, странски јазик и изборен предмет.

Оваа учебна година за државната матура пријавени се 16.859 ученици, од кои 8.729 од гимназиско образование, 7.866 од средно стручно образование и 264 од средно уметничко образование.

На 9-ти јуни ќе се полага математика, на 13-ти јуни ќе се полага странски јазик а на 15-ти јуни ќе се полага: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

Лани средношколците повеќе пат протестираа против таканаречените реформи, но државата сепак остана на ставот дека матура ќе мора да се полага.

Поврзани новости