Почна гласањето за Брегзит во Парламентот на Британија

by fokus

Почна гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент за спогодбата за брегзит на премиерката Тереза Мај. Резултатите од гласањето треба да бидат објавени околу 22 часот по македонско време. По објавувањето, главниот европски преговарач Мишел Барние ќе се сретне со пратеници во Европскиот парламент.

Последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и  размена на остри реплики. Повеќе од 100 пратеници од Конзервативната партија на Меј се очекува да гласаат против нејзиниот договор, што навестува пораз на премиерката.

Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за Брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Меј биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.

Поврзани новости