Почна да се суче тестото за претседателските избори

by lali 15:37
15:37

А штом излегоа информациите за повторната кандидатура на Иванов, институтите за анкети почнаа со работа на терен. Во една од анкетите беше наметнато и прашањето за моменталниот рејтинг на претседателот, кој од вчера почна топтан да расте.

„Добар ден, се јавуваме да го испитаме рејтингот на претседателот. Моментално претседател ни е Ѓорѓе Иванов, дали имате слушнато за него?“

- Advertisements -

На ова прашање потврдно одговориле сите оние кои очекуваат вработување во јавната администрација. Со „не“ одговориле оние кои веќе се иселени од државата, а со „не знам“ не знам колку одговориле.

Останатите прашања од типот „Дали верувате во изреката „што е мое, ќе си дојде“ и „Дали знаевте дека после декември доаѓа јануари“ и не се толку важни, па затоа и резултатите од нив не се напомнати. Но, важно е да се напомни дека и анонимуси ја поздравија идејата за повторно кандидирање на Иванов, кој воедно преставува нивни претставник во Македонија.

 

А нас драги граѓани ни останува да се надеваме дека ако победи Иванов во Македонија ќе се слават повеќе државни и верски празници на кои само тогаш знаеме дека го имаме и само тогаш го гледаме пред малите екрани давајќи ни добронамерна честитка за мир и спокој во Македонија како и во светот, па и пошироко.

 

(НАМИГ).