Починале 26 заразени, меѓу нив двајца на возраст од 35 години и еден 37 години

by fokus

Во последните 24 часа од комликации на корона вирусот починале 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586.

Поврзани новости