Починала мајката на сопругата на Пендаровски, посмртно и бил земен брис за корона

by Frosina Fakova

Мајката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски починала денеска на Клиниката за пулмологија во Скопје, јавува А1 он.

Посмртно и бил земен брис за да се провери дали била заболена од корона вирус, а резултатите се очекуваат утре.

-Таа починала денес. Имала тешка општа здрасвтвена состојба. Посмртно е земен брис, но генерално, досега немала наод за присуство на Ковид – 19. Резулатите ги очекуваме, штом ги добиеме, ќе информираме, изјавиле од Кабинетот на Пендаровски за А1 он.

Поврзани новости