Починаа две жени од Куманово и Крушево на Инфективна клиника, регистриран уште еден починат во „Жан Митрев“

by Frosina Fakova

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две пациентки од Куманово и Крушево на возраст од 85 и 77 години, соопшти Министерството за здравство.

Освен овие две пациентки, во евиденцијата на Институтот за јавно здравје е регистриран и еден починат пациент од Лабуништа (Струга) кој имал хируршка интервенција во болницата Филип Втори, а бил ковид позитивен.

Пациентот починал пред три дена, за што неговиот матичен лекар денеска го информирал Институтот за јавно здравје. Со ова бројката на смртни случаи поврзани со новиот вирус се искачи на 49 лица во земјава.

Поврзани новости