Починаа четворица пациенти заразени со Ковид-19, еден починал надвор во болница

by fokus

Во последното деноноќие починале четири лица заразени со Ковид-19, двајца од Скопје на возраст од 64 и 77 години, еден педесет и деветодишен пациент од Ресен и битолчанец на возраст од 76 години. Од нив еден пациент е починат надвор од болница, останатите тројца починале во болница.

Во болниците низ Македонија хоспитализирани се над 450 пациенти.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Поврзани новости