Починаа 8 пациенти од Ковид-19, најмладиот е 39-годишен струмичанец

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 144 случаи на заразени со корона вирусот, но и дури 8 починати пациенти.

-Починати се 8 лица, еден пациент од Куманово (48г), еден од Штип (65г), двајца пациенти од Прилеп (62 и 83г), еден од Тетово (69г), еден од Струмица (39г), еден од Виница (63г) и еден пациент од Кичево (56г)

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-33, Штип-2, Прилеп-7, Тетово-2, Струга-1, Битола-4, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-3, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-4, Македонски Брод-1, Берово-2, Виница-1, Делчево-5, Свети Николе-2, Кичево-3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417,  бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.002.

Поврзани новости