Во изминатото деноноќие, починаа 39 лица заразени со ковид 10. Меѓу нив, десет пациенти се од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76), еден од Куманово (76), еден од Штип (51), тројца од Прилеп (71, 57 и 56), еден од Тетово (65), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69), двајца од Охрид (54 и 63), шест од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71), еден од Крушево (44), еден од Кочани (67), еден од Кичево (67) и еден од Неготино (67). Oд нив еден е починат вонболнички услови.
Во исто време, Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12, Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-5.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 52.449, бројката на оздравени пациенти е 30.952, на починати е 1.462, а бројот на активни случаи изнесува 20.035.