Починаа 28 лица заразени со ковид

by Фокус
Во изминатото деноноќие починаа 28 лица заразени со ковид, од кои девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85), еден од Дебар (82), еден од Штип (61), пет од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64), еден од Струга (57), еден од Велес (70), еден од Охрид (39), двајца од Гостивар (69 и 53),еден од Струмица (55), еден од Кратово (74) и еден пациент од Ресен (69). Од нив двајца пациенти се починати вон болнички услови.
Во истиот период, Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6,  Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.
Инаку, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59.701, бројката на оздравени пациенти е 36.825, на починати е 1.658, а бројот на активни случаи изнесува 21.218.

Поврзани новости