Починаа 23 заразени со Ковид-19, тројца во домашни услови

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се 365 заразени со Ковид-19, но и пријавени се 23 починати лица.

-Пријавени се 8 починати лица од Скопје (89г, 88г, 78г, 77г, 77г, 66г, 60г, и 60г), 3 починати лица од Велес (62г, 59г и 59г), по 2 починати лица од Куманово (75г, и 63г), и Кавадарци (72г, и 65г), по едно починато лице од Тетово (67г), Прилеп (75г), Битола (95г), Струмица (87г), Штип (45г), Струга (62г), Свети Николе (66г) и Радовиш (63г), велат од Министерството за здравство.

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Поврзани новости