Починаа 22 заразени со коронавирус, половината се од Скопје

by Fokus

Починаа 22 лица со коронавирус, а 404 се регистрирани како оздравени, соопштија од министерството за здравство.

Починати се 22 лица од кои десет пациети од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г).

Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Од 404 оздравени пациенти по градови се во: Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-9.

Вкупната бројка на дијагностицирани со во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86 150, бројката на оздравени пациенти е 67 164, на починати е 2 614, а бројот на активни случаи изнесува 16 372.

Поврзани новости