Починаа 12 лица заразени со корона, во болниците се хоспитализирани над 700 пациенти

by fokus 19:38
19:38

Во последните 24 часа починаа 12 лица заразени со Ковид-19, тројца пациенти од Скопје на возраст од 67, 68 и 52 години, дваесет и седумгодишното момче од Куманово, тројца од Прилеп на возраст од 81, 82 и 49 години, двајца пациенти од Тетово на возраст од 87 и 77 години, еден од Битола, 84 години, еден од Кавадарци на шеесет и седумгодишна возраст и еден пациент од Гостивар на шеесет и петгодишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Во болниците низ земјава се хоспитализирани над 700 пациенти.

- Advertisements -

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

Поврзани новости