Почина жената од легендарната песна на Бебек: Збогум Селма!

by fokus

Селма Бориќ, која беше опеана во хитот на Жељко Бебек и ,,Бјело дугме” почина во Хрватска на 92-годишна возраст.

Убавата Селма била инспирација за Владе Дијак да ја напише популарната рок балада ,,Селма”. Тој бил заљубен во неа, но никогаш не собрал храброст да и каже. Ја запознал кога имала 16 години, а кога заминала на факултет, не ни знаела дека зад неа останал вљубениот Владе, кој ги криел своите емоции.

-Неверојатно е како се сеќавам на еден датум, шести март, кога се сретнав со Владе. Тој ме испрати на станица и ми најде место во возот. Тоа беа тие вечни студентски патувања на релација Сараево, Зеница, Загреб… Јас сум личност која не знае да плаче, многу малку плачев во животот, но кога се присетувам на Владе, ми доаѓаат солзи во очите – раскажуваше Селма во ТВ интервју пред повеќе години.

Нејзиното семејство го известило Жељко Бебек кој ги отпеа популарните стихови на Владо дека Селма починала.

-Поради короната не ја посетував Селма подолг период. Нејзиното семејство ми се јави утрово. За жал, староста ја однесе, заспала во мир, и нека остане така во мир. Замина мојата Селма, ќе продолжам да ја спомнувам пред публиката. Песната го носи нејзиното име, но опишува и убав дел од нејзиниот живот. Така сите ќе се сеќаваме на неа – изјави Бебек за ,,Дневни аваз”.

Вики Клинчарова

Поврзани новости