Почина тригодишно дете во Прилеп, родителите обвинуваат за лекарска негрижа

by Фокус

Тригодишно девојче утрово починало, откако вчера по направени анализи за симптомите на труење кое ги имало, било испратено на домашано лекување. Родителите го однеле на лекар, кој го упатил девојчето кај инфектолог на дополнителни анализи, по кои било пуштено на домашно лекување. Токму поради тоа, родителите обвинуваат дека смртта е резултат на лекарска негрижа.

-На детето му бил даден сируп и препорачана диета, а леукоцитите биле над 20.000. Затоа и семејството реагира, зошто и при ваква здравствена состојба девојчето не е задржано во болница, велат од невладината организација РОМА С.О.С.

Од прилепската болница соопштија дека случајот е пријавен во тамошното Јавно обввинителство, а ќе биде направена обдукција на телото на починатото девојче.

Поврзани новости