Почина српскиот патријарх, Иринеј

by Fokus

Српскиот патријарх Иринеј почина денеска од компликации од новиот коронавирус.

Иринеј беше примен во болница во Белград на 5 ноември поради Ковид-19. Неговата здравствена состојба се влоши вчера.

Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека патријархот Иринеј починал.

Тој на Инстаграм, заедно со црно-белата фотографија од патријархот Иринеј, напиша:

„Ми беше чест што те познавам. Луѓето како тебе никогаш не заминуваат”.

Поврзани новости